Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

Од:

Законот за помош на жртвите од Кочани поднесен во СДСМ не доби поддрѓка да биде ставен на денвен ред на денешната седица на Собранието. Од СДСМ велат дака Законот бил можност да се пиокаже единство, солидарност и промена на системот.

– Овој закон во целина опфаќа финансиска поддршка за жртвите и нивните семејства. Здравствена и психолошка помош за повредените и преживеаните, поддршка во образованието, трудова и социјална поддршка и што е најважно – има јасна институционална рамка преку формирањето на комисија за проценка и за следење на поддршката на лицата, членовите на нивните семејства, со што ќе се обезбеди координација, проценка и следење на спроведувањето на мерките. По однос на финансиската поддршка, предлог е семејствата на секое лице кое го загубило животот како директна последица од несреќата да имаат право на еднократен паричен надоместок за претрпена нематеријална штета – душевна болка, во висина од 80.000 евра во денарска противвредност. Додека, пак, зависно од степенот на инвалидитет, за сите лица коишто ќе имаат инвалидитет се предвидена финансиска поддршка, односно надомест, вели пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски.

Законот предвидуваше финасиска помошт според степенот на повредите предивикани во пожарот.

За 100% инвалидитет – 5 милиони денари,
за 90% инвалидитет – 4,1 милиони денари,
за 80% – 3,7 милиони денари,
за 70% инвалидитет – 3,1 милиони денари,
за 60% – 2,8 милиони денари,
за 50% инвалидитет – 2,5 милиони денари,
за 40% инвалидитет – 2,2 милиони денари,
за 30% – 1,5 милиони денари
и за 20% инвалидитет – 1,2 милион денари.

Со овој закон се овозможува практично олеснување на постапките за добивање на здравствената поддршка, а тоа ќе значи и дома и во странство, за лечење и за рехабилитација. Образовна поддршка, трудова поддршка, а тоа е за родителите на лицата коишто се со повреди да можат да бидат одреден временски период на платено отсуство, поволности за родителите на настраданите итн, објаснува Спасовски.

– Но, на оние од другите трагедии и мислам дека крајно неодговорно и неразбирливо е зошто се одбива ваквото законско решение кога постои можност, постои и пракса за носење на вакви законски решенија. Мислам дека треба да имаме сите малку поголем дигнитет, да имаме и образ да излеземе пред луѓето и да кажеме зошто сметаме дека требаше секој еден од нас да го поддржи законското решение. Мислам дека, покрај тоа што ќе се помогне на овие семејства, многу ќе беше важна пораката којашто ќе ја испратиме, а тоа е порака на единство, на солидарност и на сплотеност околу ваквите работи. Овде е и листингот во којшто детално се гледа кој гласал, а кој одбил воопшто да гласа во законодавниот дом, така што сметам дека за ова треба сите заедно и повторно и повторно да се бориме ако сакаме да направиме исчекор кон промени во системот, вели Сапсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он