Димитриевски: Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел, чие однел и што планирал

Од:

Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, од Штип го повика Венко Филипче да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата кои како што рече „веќе премногу долго висат во воздух“.

„Тие продадоа сè што е наше. Тие продаваа државно – на ангро продаваа државни интереси, и денес ги гледаме како мафтаат со златни визи, подготвувани уште додека беа на врвот на власта.“ – истакна Димитриевски, обвинувајќи за однапред подготвено сценарио за бегство, базирано на нечесно стекнат капитал изнесен надвор од државата.

„Многу добро се знае како се добиваат тие златни визи – со купишта пари изнесени надвор, пари што не се чесно заработени, туку украдени од народот.“ – порача Димитриевски

„Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел, чие однел и што
планирал? “

Би можело да ве интересира

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

Ѓубрето од Куманово се носи на Дрисла

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите