СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Од:

РЕК Битола секој ден се уништува, производството се намалува, а работниците работат во услови опасни по живот. Комбинатот работи само со еден блок – Блок 3, а и тој не се знае колку ќе издржи оти има сериозни проблеми, велат од Комисијата за енергетика на СДСМ.

– Пред извесно време се случи експлозија во командата на отпепелување на Блок 3 во која изгореа трафостаниците што ги снабдуваат со струја траките за отпепелување! За гаснење на пожарот се искористија над 20 противпожарни апарати, а предизвикана е огромна штета.

Наместо итно да се оспособат трафостаниците, дел од машините се поврзани на продолжен кабел и од него добиваат струја за работа.

Работниците се принудени рачно да работат се што треба и не треба. Секој ден животот им е во опасност, но принудени се да молчат заради закани и притисоци од шефовите.

Директорите и новопечените советници во РЕК Битола знаат за оваа работа и ништо не преземаат. Тие што тврдеа дека ќе го накренат РЕК Битола кога ќе дојдат на власт, се гробарите на комбинатот.

Отпепелувањето на Блок 3 не работи, турбината на Блок 1 има девијација и блокот е надвор од функција, нема абер од ремонти. Во РЕК Битола ситуација никогаш не била полоша, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија