Црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа – ВРЕДИ за „Диво насеље“

Од:

Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови на жалост и болка. Во Куманово се одвиваше една од најтрагичните и најмрачни настани по конфликтот – крвава акција која одзеде човечки животи, уништи домови и остави длабоки рани во душата на албанскиот народ, велат од ВРЕДИ.

– Но, ни таа трагедија не беше доволна причина за ДУИ да се откаже од власта – се однесуваа како ништо да не се случило. Тоа однесување не е само навреда за жртвите и нивните семејства, туку јасен показател за целосната отсеченост на таа политичка класа од реалноста на обичниот Албанец.

Декадата што помина од тие настани не значи дека албанскиот народ страда од амнезија. Сите ние, со голема болка, се сеќаваме на тие мрачни денови – напуштени домови, детски трауми, бегства, солзи и страдања кои не може да се заборават. А сепак, функционерите на партијата која се претставуваше како чувар на албанскиот народ, ДУИ, продолжуваа да се чешлаат, да садат коса, да се потсмеваат во јавни институции, и да глумат „кападаи“ додека народот крвави од раните што токму нивната лоша власт ги предизвика.

Настаните во Куманово не се само горчлива страница во нашата историја, туку и јасен доказ за моралниот, политичкиот и институционалниот неуспех на тие што со години ја злоупотребуваа власта во име на Албанците.

ВЛЕН изразува длабоко сочувство кон сите жртви и семејства кои ги изгубија своите најмили во тие црни денови. Воедно, нашата постојана заложба е вистината за 9 и 10 мај никогаш да не избледи, и одговорните за оваа трагедија да се соочат со правдата, се вели во соопшптението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

А1он

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Мемов се дообјаснува: Ставот за ВРЕДИ бил лично негов, не на ЗНАМ

Катерина Ѓуровски

Мемов удри по ВРЕДИ: Го изигравте Орце и Мицкоски го знае тоа

ВРЕДИ: Најостро ги осудуваме сите форми на закани и говор на омраза кон новинарите

А1он