Имаат скоро 80 пратеници, но тие воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европски Фронт

Од:

Пратеникот Сали Мурати, од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, кое е дел од „Европскиот фронт“ вели дека се отворни за соработка со сите субјекти во нашата држава и дека со случувањата во Коалицијата „Влен“, се докажало дека тие немаат легитимитет, односно дека „Еврппскиот фронт“ се победници и на претседателските и на парламентарните избори.

– Имаат скоро 80 пратеници, но тие воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот. Така се чини, зошто тие знаат дека самиот Арбен Таравари призна дека 70 проценти од гласачите немаат доверба во нив, дека не се ценети во нивните коалициски редови и Македонија, според мене, со ова ќе оди во поголема политичка криза и ние повикуваме на предвремени избори, па да видиме кој фронт ќе биде тој искрениот, што нашите граѓани и гласачи очекуваат од нас, изјави Мурати, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Собранието.

Мурати, посочи дека Европскиот фронт на локалните избори начелно ќе излезе со свои заеднички кандидати на ниво на цела Македонија и со заеднички листи, на кои ќе има и претставници од турската заедница.

– Ние сме принципиелни во своите политички ставови и политичките договори. За нас моралните вредности се многу значајни и за договарање. Можам да кажам како претставник од турската заедница ние сме многу среќни во Европскиот фронт. Гледате која слобода и афирмативни вредности ги застапувам година дена. Верувајте дека можеби сме најдемократски настроена парламентарна група во Собранието и немам никаква причина да преминам. Ние сме среќни со ова. Не сакаме по секоја цена да бидеме во власта. Јас се додека имам слобода да дејствувам како пратеник во Европскиот фронт, ќе бидам во Европскиот фронт. Јас како дел од турската заедница имам почит и внимание и од другите лидери во Европскиот фронт и од пратеничката група, изјави Мурати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Според ВРЕДИ законското усогласување на минималната плата во март е „нова економска ера“

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ ја нападна Јаневска: Не знае ни збор албански, а реагира за тоа што не го разбира Касами

ВРЕДИ: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

А1он

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети