(ВИДЕО) Најмалку едно лице е убиено, а 13 се повредени, во пукотница на семејна забава во Хјустон

Од:

Најмалку едно лице е убиено, а 13 се повредени, од кои некои се во критична состојба, во пукотница на семејна забава во Хјустон, Тексас, соопшти денес полицијата.

Помошничката началничка на полицијата во Хјустон, Патриша Канту, на брифинг за медиумите изјави дека полицијата привела неколку лица, но не е познато дали лицето одговорно за пукањето е приведено.

Таа истакна дека некои од ранетите лица биле оперирани откако биле транспортирани во болници, објави АП.

Канту изјави дека полицајците пристигнале на местото на настанот неколку минути по приемот на повикот и пронашле неколку ранети лица на различни локации околу куќата.

Таа рече дека се верува дека на семејната забава дошол непоканет гостин и бил замолен да ја напушти куќата, но потоа почнал да пука, што предизвикало другите луѓе да возвратат со оган.

Би можело да ве интересира

Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

(ВИДЕО) Пукање во џамија во Сан Диего: Пет лица се мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач отвори оган на плоштад во Ница – две лица се убиени

А1он

Драма во Бразил: Пукање во училиште, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Четворица тешко ранети во пукотница во Лондон

Горан Наумовски