Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека ја потврдува непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци што живеат во северниот дел на Кипар и рече дека тие на крајот ќе добијат признание за „нивната суверена рамноправност и меѓународен статус како рамноправен партнер на островот“.

„Продолжуваме целосно да ја поддржуваме визијата на претседателот Ерсин Татар за решение со две држави“, изјави Ердоган за новинарите по еднодневната посета на северен Кипар, објави Анадолу.

Островот Кипар беше поделен на два дела во 1974 година – јужниот, грчки дел, кој е меѓународно признат како Република Кипар, и северниот дел од островот, кој е признат само од Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски

Истрага за финансиски скандал во Турција: Уапсена e поранешна министерка

Масакр во Турција: Осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години