ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него

Од:

Кога Демократската унија за интеграција работеше на обезбедување на финансирањето за Коридорот 8, тие гласаа „против“. Кога ја потпишавме спогодбата, не обвинија за криминален и коруптивен договор, велат од ДУИ.

„Кога започнаа градежните работи, тие мобилизираа сè што имаа на располагање за да не сопрат — со изјави, кампањи, блокади и отворена пропаганда. Но, уште поопасно и посрамно беше тоа што не го напаѓаа проектот само како “прескап” или “сомнителен”. Го прогласија за закана по националниот идентитет.

За дел од наводен опасен проект за „Голема Албанија“. Го претворија во политичко оружје за ширење страв, паника и етнички поделби. Со недели ги мачеа психолошки граѓаните, тврдејќи дека овој проект ќе ја уништи државата. Одеа толку далеку што ги обвинија и нашите стратешки сојузници — САД — за вмешаност во некаков „темен план“. А денес?

Денес се сликаат пред истиот тој проект како да е нивен. Денес се обидуваат да го претстават како своја лична заслуга, како политичка победа. Ова не е политика. Ова е недостаток на карактер. Ова е хипокризија. Оние што го саботираа проектот немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат. Напротив — тие треба јавно да се извинат за стравот и поделбите што ги посеаја, за блокадите и лагите што ги ширеа со години. Коридорот 8 е визија. Тоа е резултат на нашата истрајна работа, на нашата верба во евроатлантската иднина и на цврстото партнерство со нашите американски и европски пријатели. Народот не заборави кој градеше, а кој саботираше. И историјата ќе ги постави сите таму каде што навистина припаѓаат, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

Влен: Нема да молчиме пред клеветите, тука сме да ја изнесеме вистината на виделина

ДУИ: Нашиот глас ќе се слушне, Охридскиот договор нема да се погази

Николоски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот, реакција од Бугарија за Коридорот 8

Катерина Ѓуровски

ДУИ за одлуката на Уставниот суд: Албанските претставници во оваа влада, наместо да протестираат, тие молчат

Горан Наумовски

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да одлучува за политичкото претставување на Албанците