Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Од:

Министерот за правда Игор Филков им го честита 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите на сите новинари, сниматели, фоторепортери, монтажери и медиумски работници.

– Слободата на медиумите е основа на секое демократско општество. Без неа – нема вистина, нема правда, нема одговорност. Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите, ја потврдувам мојата цврста заложба да ги штитиме новинарите, да обезбедиме безбедна средина за независно известување и да не дозволиме притисоци врз медиумите, истакнува Филков.

Министерството за правда, како што посочува во честитката, останува посветено на создавање услови за слободно, професионално и одговорно новинарство.

-Преку законските измени за граѓанска одговорност за навреда и клевета, гарантираме поголема правна заштита и простор за слободно изразување – без страв и притисоци. Кога медиумите се слободни, граѓаните се информирани, а правдата е погласна. Овој ден нека биде потсетник за заедничката одговорност што ја имаме во заштита на медиумските слободи, истакнува министерот Филков.

Би можело да ве интересира

Не преиспитуваме судски одлуки, туку ги спроведуваме – Министерство за правда за случајот Груевски

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март