Медведев: Изјавата на Трамп за победата на САД во Втората светска војна е претенциозна бесмислица

Од:

Тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД го дале главниот придонес за победата во Втората светска војна е „претенциозна бесмислица“, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

„Трамп неодамна објави дека САД го дале главниот придонес за победата во Втората светска војна и дека ќе воспостави празник на 8 мај. Празникот не е лош. Но, може да се заклучи дека е – претенциозна глупост“, напиша Медведев на својата страница на социјалната мрежа ВКонтакте, пренесе ТАСС.

Медведев го советуваше Трамп да се сети или да разјасни кој го освои Берлин, се бореше против непријателот повеќе од четири години и кој „ја ослободи неблагодарната Европа“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Заканата од Газа нема да се повтори, постигнат е договор за разоружување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп заспа на погреб, Белата куќа го правда дека размислувал за губењето драг пријател

(ВИДЕО) Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху во Белата куќа: Украина добива лиценца за производство на ракети „Патриот“

Катерина Ѓуровски

Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел