Естонија може да испрати војници во мировна мисија во Украина

Од:

Естонија може да испрати војници во Украина како дел од потенцијална мировна мисија предводена од Велика Британија и Франција, изјави денес естонскиот премиер Кристијан Михал.

Тој рече дека разговорите за испраќање мировна мисија во Украина сè уште се во тек и дека естонскиот парламент ќе мора да одобри испраќање естонски војници, објави Блумберг.

Велика Британија и Франција ги предводат напорите за формирање „безбедносни сили“ по војната во Украина, како дел од напорите на САД за ставање крај на руската инвазија.

Би можело да ве интересира

Тројца загинаa во напад со руски беспилотни летала врз регионот на Харков

Русија тврди дека погодила бродови со воена опрема наменета за Украина

Руска актерка e на украинската „црна“ листа како закани за националната безбедност

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

Москва со критики до Западот: Помошта за Киев можеше да создаде „европски Дубаи“

Зеленски: Украина е подготвена за сите формати на преговори