Европскиот суд пресуди против Малта и нејзината програма за „златни пасоши“

Од:

Европскиот суд на правдата пресуди дека Малта мора да ја укине својата програма „златен пасош“ што им овозможува на богатите странци да купуваат државјанство, пресудувајќи дека програмата е спротивна на законите на ЕУ.

Европската Комисија ја тужеше Малта во 2022 година поради програмата, според која странците можат да добијат пасош и право да живеат и работат во која било земја од ЕУ во замена за инвестиција од околу еден милион евра, објави Ројтерс.

Судот изјави дека иако земјите-членки имаат право да одлучуваат како ќе доделуваат или одземаат државјанство, малтешката програма го поткопува принципот на меѓусебна доверба меѓу земјите-членки, врз кој се темели заедничкиот европски простор.

Би можело да ве интересира

Руската елита ги заобиколува санкциите со купување „златни пасоши“ од Малта

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски

Малта: Започна судски процес против двајца браќа обвинети за убиство на новинарка пред 5 години

Ана Ололовска