AMAZON ја лансираше својата прва серија на интернет сателити во вселената, што го означи почетокот на напорите да се натпреварува со сателитската мрежа Starlink на Илон Маск.
Ракетата Atlas V на United Launch Alliance пренесе 27 сателити во орбитата од Кејп Канаверал, Флорида. Сателитите се дел од проектот Kuiper на Amazon, кој има за цел да распореди констелација од околу 3.200 сателити во следните неколку години за да обезбеди глобална интернет покриеност. Лансирањето беше закажано за почетокот на овој месец, но беше одложено поради лошите временски услови.
Основачот на Амазон Џеф Безос ја основа вселенската компанија Blue Origin, но исто така обезбеди лансирање од други провајдери, вклучувајќи го и конкурентот SpaceX. Потребни се вкупно околу десетина лансирања за да се исполнат регулаторните барања. Според лиценцата за работа, компанијата мора да распореди најмалку 1.600 сателити „Кајпер“ до средината на 2026 година.
Мрежата Starlink на SpaceX веќе оперира со околу 7.000 сателити и доминира на пазарот на сателитски интернет. Сепак, аналитичарите веруваат дека има простор за конкуренција, бидејќи авиокомпаниите, телекомуникациските провајдери и потрошувачите бараат алтернативи, особено во изолирани и недоволно опслужени региони, каде што распоредувањето на традиционалната инфраструктура е скапо или непрактично.