ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Од:

Следејќи ги последните случувања, Државната комисија би сакала да ја увери јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото, се вели во соопштението од ДСКС.

Во соопштението од ДКСК се вели:

„Државната комисија како институција продолжува да работи независно и ефикасно, во согласност со своите законски надлежности и својот мандат. Државната комисија продолжува да ги спроведува своите тековни активности и обврски, а нејзината мисија за превенција и борба против корупцијата на сите нивоа останува непроменета и посилна од било кога.

Државната комисија уверува дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институционалната и колективната посветеност. Свесни сме за важноста и значењето на довербата од јавноста. Затоа ќе продолжиме да работиме со највисока транспарентност и да соработуваме со надлежните институции, обезбедувајќи почитување на законите и највисоките етички стандарди во рамките на ДКСК“.

Би можело да ве интересира

94 функционери казнети со по 300 евра за непријавување на имотната состојба

Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он