Манасиевски: Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, сега е кафуле на другар на Апасиев

Од:

Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо. Местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица, вели валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле – Павилјон 36. Кафулето на другарот на Апасиев е отворено во деловниот простор кој го купила Левица за багатела. Кафулето на Ивановски, другарот на Апасиев е со иста орнаментика како Левица. Толку од левичарите. И Левица и Апасиев се демаскирани. Тоа што го лажеа сопственото членство со висок морал и скромност се испостави како најголема лага, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица