(ВИДЕО) Шест лица загинаа при пад на полициски авион во Тајланд

Од:

Шест лица загинаа кога мал тајландски полициски авион се урна во морето во близина на одморалиштето Хуа Хин, соопштија официјални лица.

Портпаролот на полицијата, Арчајон Крајтонг, изјави дека авионот бил на пробен лет како подготовка за обука за падобранство, објави АП.

Иако моделот на авионот не е официјално потврден, фотографиите од местото на несреќата укажуваат дека станува збор за авион од типот „Викинг ДХЦ-6 Твин Отер“ со мотори со пропелер.

Би можело да ве интересира

Тешка авионска несреќа во Сибир: Се урна руски воен авион, загинаа 17 лица

ВИДЕО: Два патнички авиони речиси ќе се судреа над Лос Анџелес

Авионска несреќа во Шкотска, има загинати

Детали за авионската несреќа на Алпите: Загина познат бизнисмен

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот