Русија да ги прекине нападите, апелира Зеленски

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди руското бомбардирање на Украина, во кое загинаа најмалку девет лица, и притоа ја повика Русија веднаш да ги запре нападите.

– Поминаа 44 дена откако Украина се согласи на целосен прекин на огнот и прекин на воздушните напади. И поминаа 44 дена откако Русија продолжува да го убива нашиот народ, изјави украинскиот лидер на мрежата X.

Тој додаде дека „воздушните напади мора веднаш и безусловно да се прекинат“.

Русија истрела 70 проектили и 145 беспилотни летала врз шест региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.

Воздухопловните сили „откриле и следеле 215 непријателски воздушни цели“, од кои 112 биле уништени, се наведува во соопштението на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон