Левица: ДПМНЕ и ЗНАМ попусто го бришат името Македонија – Грција и Бугарија со нова амандманска блокада

Од:

Вазалската надворешна политика и националните предавства не можат да доведат да етаблирање во меѓународните заедници на државата. Како што претходно предупредивме, т.н. договори за добрососедство наместо да ги надминат, тие станаа извор на пречки во европските интеграции на Македонија. Ова го потврдува фактот дека на Предлог-извештајот на Комитетот на надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент за Македонија се доставени над 300 амандмани, од кои најголем дел од Грција И Бугарија, велат од Левица.

„Иако сите досегашни отстапки по однос на ‘барањата на соседите’ во име на евроинтеграциите биле на максимална штета на македонскиот народ и држава – ЕУ јасно најави дека проширувањето повеќе не е приоритет!Дилетантскиот пазарлак и дефетистичката пасивност од страна на Владата, наместо да ја искористи ситуацијата за водење политика на превенирање од претходно направените штети, таа верно ги следи контурите на вазалство поставени од СДСМ.

Кога се разобличени лицемерните ставови на ЕУ за интеграцијата на Македонија, Левица потсетува дека се залага ревидирање и поништување на империјалистичките договори наметнати од Грција и Бугарија направени на наша штета. Поаѓајќи до максимата на Маркс дека „Ниеден народ не може да биде слободен, ако угнетува друг народ“- се залагаме за продолжување на евроинтеграциите, но само како еднаков партнер и под еднакви услови како за сите земји членки претходно интегрирани.

Оттука ја повикуваме владејачката ВМРО-ДПМНЕ која даде осум пратеници од своите редови за промена на името, да престане со бришењето на името Македонија од законската регулатива и државните институции! Ако евроинтеграциите се заглавени во ќор-сокак, тогаш е неопходно политичките чинители да застанат во одбрана на националните интереси и да побараат етаблирање на меѓународната сцена надвор од наметнатата застарена и западна парадигма и се приклучат кон тековите на новиот мултиполарен свет“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица