ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

Од:

И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи и на кој начин ја стекнале истата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Зоран Заев како инвеститор доби златна виза во Дубаи а со тоа и долгогодишен престој? Дали Заев има отворено фирма во Дубаи и дали тоа е начинот на кој за себе и фамилијата си обезбеди живот во Дубаи? Дали додека Заев гради згради од 50 спрата во Дубаи, Венко Филипче му ја чува фотелјата во СДС?

Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи? Колку милиони евра однесе Заев и Филипче во Дубаи и од каде им се средствата? Дали тоа се средства од провизии и профит стекнат на криминален начин за време на ковид кризата? Колку милиони спечалени врз грбот на народот и на штета на државната каса проневери и префрли овој тандем во Дубаи? Јавноста заслужува одговори на овие прашања. Кланот Заеви во тандем со Филипче ја уништија и уназадија државата за свои лукративни причини додека го осиромашуваа народот. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски