ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Од:

СДС денес, кога се прославува Велигден, дрско повторно се обидува да го дефокусира вниманието од катастрофалното наследство што ѝ го остави на Македонија во културата.

Јавноста добро памети кој ја газеше културата, кој ја претвори во мрежа на партиски вработувања и кој го користеше Министерството за култура како алатка за наградување на блиски личности и фаворизирани „уметници“.

Да потсетиме:

– Во времето на СДС, од културата се делеа грантови без јасни критериуми, а дел од тие средства завршуваа кај лица блиски до партијата – дури и за проекти што никогаш не се реализираа.

– Последната министерка за култура во времето на Заев, заедно со други функционери, беше под лупа поради финансиски злоупотреби и вработувања на сопартијци и роднини.

– Фестивалите и културните институции добиваа средства според партиска подобност, а не според квалитет, традиција и значење.

Во исто време, министрите и функционерите на СДС беа единица мерка за разузданост:

– Службени автомобили и патувања се користеа за приватни цели;

– Хонорари и договори „во четири очи“ се делеа меѓу себе, како да се дел од нечија приватна фирма, а не државна институција;

– Функционери фатени со раката во медот беа унапредувани или преместувани, наместо да бидат санкционирани;

– Си купуваа маички XXL и плаќаа авио-карти за егзотични дестинации од разбеснетост – кои потоа ниту ги користеа.

Извинувањето на именувано лице е коректен гест што јасно покажува разлика во пристапот. За разлика од времето на СДС, кога грубите навреди и дисквалификации врз уметници и институции беа секојдневие, денес имаме отчетност, одговорност и сериозен однос.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на вистинските вредности во културата – без привилегирани, без партиски кланови, туку со поддршка за сите што навистина творат, вложуваат и придонесуваат.

СДС нема никаков кредибилитет да говори за достоинството на културните работници – тие беа тие што најмногу ги понижија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев

А1он

Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни