Тројца разбојници ограбиле малолетници на автобуска станица на Бит Пазар

Од:

Скопската полиција синоќа уапсила три лица кои се сомничат дека со закана одзеле пари од малолетници.

-На 16 април 2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги уапсила С.А.(19) од село Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од село Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Би можело да ве интересира

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

Голем грабеж во Нови Пазар: Вооружен маж од златарница украде три килограми злато

Две лица со закани одзеле пари од малолетничка во Скопје, физички нападнат нејзин другар

Разбојници запреа транспортно возило и украдоа два милиони евра