(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Од:

Две лица загинаа, а 28 се повредени во напад на руски дронови на Днепар, јавува Киев Индипендент, истакнувајќи дека може да има повеќе жртви.

Русија ги засили нападите со беспилотни летала и ракети во својата војна против Украина. Русија изврши смртоносен напад врз Суми на 13 април, при што загинаа најмалку 117 луѓе, а 117 беа повредени. Европските лидери го осудија нападот, опишувајќи го како ужасен.

– Русите убија млада девојка во Днепар – изјави гувернерот на Днепропетровската област Сергеј Лисак и додаде дека во рускиот напад е убиена и една постара жена.

– Ранетите се згрижени во болниците низ градот. Вкупниот број на повредени се искачи на 28 – од кои четворица се деца – изјави градоначалникот на Днепар, Борис Филатов.

Во нападот се повредени деветмесечно, шестгодишно и 11-годишно дете.

Неколку пожари го зафатија градот, куќи, образовни институции, културни објекти, а и автомобили се оштетени во рускиот напад, додава Лисак.

Беспилотно летало Шахед за малку ќе го погодело Градското собрание, рече Филатов во објава на Телеграм.

САД, потсетува Киев Индипендент, одржаа одделни преговори со Украина и Русија во Саудиска Арабија за да постигнат прекин на огнот. На 6 април Зеленски рече дека Русија отфрла безусловен прекин на огнот бидејќи сака да продолжи со ракетните напади од правец на Црното Море.

Москва, пишува Киев Индипендент, покажа знаци на неподготвеност да склучи мировен договор со Украина. Руските власти поставија максималистички барања во преговорите за прекин на огнот со Украина.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва