На 1 август почнува полнењето на ХЕЦ „Св. Петка“

Од:

На 1 август ќе почне полнењето со вода на хидроцентралата „Св. Петка“ која ќе биде со капацитет да снабдува околу 40.000 македонски домаќинства со електрична енергија.

„Станува збор за еден добар капацитет на кој работевме повеќе години и кој е дел од нашите ветувања во Програмата. Веќе има добиено дозвола за пробна работа, полнењето почнува на 1 август и штом се наполни со вода почнува со производство на електрична енергија“, појасни премиерот Груевски.

Во иднина, нагласи, планираме и други проекти во енергетиката.

„Во неколку помали проекти околу 100-тина милиони евра ќе се инвестираат во наредната година“, истакна премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он