Црвенковски: Нема да поддржам експертска влада

Од:

Спорот за името со Грција не може да се реши со импровизации и со лицитирање на прес-конференции од било кого без разлика од каде доаѓа, бидејќи ова прашање ни создава не само проблеми надвор туки и внатрешни проблеми изјави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, коментирајќи го вчерашниот став на Љубчо Георгиевски, дека најприфатливо решение за името е Република Северна Македонија.

„Тоа не е прв пат Георгиевски да излезе со таков предлог. Тој процес единствено може да се води организирано од тие кој го имаат легитимитетот да ја водат државата, претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, а доколку имаат потреба да побараат поддршка од опозицијата и граѓаните ние сме тука. Го знаете нашиот став дека секое решение кое што нема да го повреди нашиот национален идентитет, а кое е прифатливо за владата на Груевски ние ќе го прифатиме“, рече Црвенковски.

„Прашањето за македонски национален идентитет во земјава и надвор од неа се отвори со отпочнувањето на реализација на проектот „Скопје 2014“. Нашите странски пријатели од поодамна не опоменаа дека ние самите со контраверзни постапки можеме истиот да го проблематизираме“, обвини лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

„Контраверзно е што во очи на празникот на словенските провестители Свети Кирил и Методиј власта постави споменик посветен на личност од античкиот период. Многу по контраверзно е што во едно тешко време кога владее вистинска сиромаштија и невработеност се наоѓаат пари за вакви работи обвини лидерот на опозиционата партија. Во центарот на Скопје, на километар квадратен се истурија стотици милиони евра во период на најголема криза кога народот страда буквално за леб. Тоа е и најголемиот грев на оваа влада во овој период“, рече Црвенковски.

Црвенковски кажа дека СДСМ нема да поддржи никаква експертска влада за која деновиве се погласно се зборува.

„Мислиме дека ситуацијата во која се наоѓа Македонија и проблемите со кои се соочува земјава не може да ги решава експертска влада. Треба да ги решава влада со политички легитимитет. Имаме политичка влада. Доколку можат, знаат и умеат нека ги решаваат проблемите ако не умеат нека го соопштат тоа јавно и нека се повлечат“,  рече Црвенковски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ