А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Албанскиот премиер Рама во посета на Македонија

by А1он05/11/2013 - 08:1305/11/2013 - 14:46120
Share0

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот премиер Никола Груевски.

Добивај вести на вибер

Покрај со својот македонски колега, Рама ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, како и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Средбата на двајцата премиери е продолжување на позитивната практика меѓу двете држави за средби на највисоко ниво. Ќе се разговара за повеќе теми од заеднички интерес, дополнително унапредување на билатералната соработка, за соработката на полето на економијата и трговската размена, како и за реализација на крупни инфраструктурни проекти и за европските и евро-атлантските перспективи и интеграции на регионот, кои се стратегиска определба на двете земји.

Ова е прва посета на Рама откако во септември ја презеде премиерската функција и воедно прва официјална средба со неговиот македонски колега.

Претходно, во средината на септември, Рама ја имаше првата средба со македонски висок функционер кога се сретна со претседателот Иванов, кој  учествуваше на петтиот Регионален претседателски самит на тема „Пристапи кон практична употреба на можностите за поефикасна регионална соработка“ што се одржа во Драч.

albanija

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Катерина Ѓуровски12/05/2025 - 09:35

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он21/03/2025 - 21:35

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Катерина Ѓуровски27/01/2025 - 09:57

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Горан Наумовски23/01/2025 - 12:33

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Предраг Петровиќ30/11/2024 - 15:46

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски15/10/2024 - 13:2515/10/2024 - 13:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен