Времето ќе биде сончево и многу топло, а попладне со мала до умерене локална облачност и на места ќе дува засилен ветер.
Температурата ќе се движи од 31 до 41 степен.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 39 степени.
Индексот на УВ-факторот ќе биде 9.
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи се предвидува топлотен бран од жолта, односно алертна фаза, кој ќе ја зафати територијата на целата држава.
Од Министерството за здравство посочуваат дека согласно Акциониот план, здравствените институции во државата се подготвени за обезбедување здравствена заштита на евентуало зголемениот број на пациенти поради влијанието на високите температури.