Левица денеска поднесе интерпелација за министерот Тошковски

Од:

Пратеничката група на Левица денеска поденесе интерпелација за министерот за внатрешни работи.

Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција во Собранието кажа дека причина за интерпелацијата е поради тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција постапувајќи нестручно, непрофионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во Министерството за внатрешни работи.

-Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изразито законска обврска на МВР, рече Јанчев.

Првиот основ е, како што кажа, немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс” во Кочани.

-Согласно Законот за угостителска дејност МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. Дополнително изрични законски надлежности на МВР се и проверка на работно време, проверка на гласност и бучавост, присуство на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични супстанци, рече Јанчев.

Додаде дека МВР потфрлила и дека долг период се избегнува во истрагата за случајот да се вклучат и функционери и носители на функции блиски до ДПМНЕ. Според Јанчев, министерот Тошковски има директно командна одговорност.

Вториот основ е нелегалната употреба на пиротехнички средства. – Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР води евиденција за издадени одобренија за набавка на пиротехнички средства. Согласно Законот за промет на експлозивни материи МВР е овластен и надлежен орган да забрани ракување со пиротехнички средства на лица кои не се стручни, оспособени и лиценцирани за тоа, рече Јанчев.

Третиот основ е неукажувањето помош од страна на полицајци, четвртиот е непроцесуирање на Фејсбук закани упатени кон критичарите на власта, петтиот основ е забраната за дронови со цел задушување на протестите, шестиот апсењето на граѓани во Гостиварско кои чистеле стара црква, потоа непостапувањето при палењето на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, оддавање на службена тајна од страна на телохранител на премиерот и десеттиот основ е катастрофална кадровска политика – исполнета со непотизам и кронизам.

-Сашо Петрушевски, истакнат кадар на владиниот коалиционен партнер ЗНАМ, е именуван за државен секретар во Министерството, а човекот имаше обвинение за местење тендери и финансиски злоупотреби. Сомнително кадрово решение е и Оливер Дерковски кој е поставен за советник на министерот Тошковски. Дерковски е поврзан со контроверзи од типот на финансиски малверзации и злоупотреба на службена позиција во ДИК, рече Јанчев.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Тошковски е бескрупулозен министер, кој е познат како „адвокат на урбаната мафија”

Левица: Пајазити исполнува два од два основи за разрешување – Судски совет одлучи да остане судија

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Истрагата за трагедијата во Кочани не е завршена, се уште трае

Мојсоска: Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство

Горан Наумовски

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски