А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

by А1он14/04/2025 - 12:0514/04/2025 - 12:32478
Share0

Јапонското население се намалило за рекордни 898.000 во изминатата година, на 120,3 милиони во октомври, објави денеска владата во Токио.

Добивај вести на вибер

Вкупното население на Јапонија, вклучувајќи ги и странските државјани, исто така се намалило за 550.000 на 123,8 милиони на 1 октомври минатата година, што претставува 14-та последователна година на намалување на населението, соопшти Министерството за внатрешни работи и комуникации.

Во исто време, бројот на деца под 14-годишна возраст се намали за 343.000 на 13,83 милиони, што претставува рекордно ниско ниво од 11,2 отсто од вкупното население, пишува Kyodo.

Спротивно на тоа, бројот на лица над 65 години се зголеми за 17.000 на 36,24 милиони, достигнувајќи рекордни 29,3 отсто. Бројот на работоспособни луѓе, или луѓе на возраст меѓу 15 и 64 години, се намалил за 224.000 на 73,73 милиони, што претставува 59,6 отсто од вкупното население на земјата, според проценката на јапонската влада.

japonijanaselenieziteli

Би можело да ве интересира

Такичи после земјотресот во Јапонија: Има загинати и голема материјална штета

Горан Наумовски20/04/2026 - 11:21

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени

Горан Наумовски20/04/2026 - 10:29

До крајот на овој век, во Европската Унија ќе има 53 милиони помалку луѓе

Горан Наумовски17/04/2026 - 20:47

Ирански државјанин крвнички е убиен во Јапонија

Горан Наумовски04/04/2026 - 20:15

Јапонската премиерка стана вирален хит поради фотографија за време на вечерата во Белата куќа

Предраг Петровиќ21/03/2026 - 15:2521/03/2026 - 14:53

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 09:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто