Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одлуката на Доналд Трамп да ги суспендира царините што претходно ги наметна на други земји за 90 дена е само „кревка пауза“.

„Делумното суспендирање на американските царини за 90 дена испраќа одредена порака и ја остава отворена вратата за преговори. Но, овој одмор е кревок“, напиша Макрон на платформата Х.

„Кревка, бидејќи царините од 25 проценти за челик, алуминиум и автомобили и царините од 10 проценти за сите други производи остануваат на сила. Тие претставуваат 52 милијарди евра за Европската Унија! Кревки, бидејќи тие 90 дена значат 90 дена неизвесност за сите наши компании, од двете страни на Атлантикот и пошироко“, додаде тој.

Ројтерс, исто така, пренесува дека Макрон повторил дека Франција и Европската Унија ќе зборуваат со еден глас во преговорите насочени кон постигнување договор и укинување на американските царини.

Би можело да ве интересира

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

Републиканците се бунтуваат против Трамп, му испратија писмо

Катерина Ѓуровски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите

Трамп бара нов претседател на Украина, договорот со Путин за дизел-гориво отвора нови тензии

Повеќето Американци сметаат дека Трамп ја користи својата функција за лично богатење

Трамп: Хутите се однесуваат многу лошо, можеби Ердоган би можел да интервенира

Горан Наумовски