„Ова е хепатитис. Запознај се. Спротивстави се. Тестирај се. Поблиску е отколку што мислите“, под ова мото денеска ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против хепатитис.Б олеста од која се бележат над еден милион смртни случаи секоја година.
Кампањата би требало да ја победи недовербата и непознавањето, поврзани со лицата инфицирани од овие вируси, затоа што се испраќа јасна порака дека вирусите не прават дискриминација, го заразуваат секого, насекаде.
Без точната дијагноза не може да се одреди соодветна терапија за инфицираните со вирусите хепатитис Б и Ц, предупредуваат специјалистите.
Хепатитот е инфективно заболување предизвикано од вирусите на жолтица, кое во зависност од типот на вирусот што го предизвикува може да биде од тип А, Б, Ц, Д, Е, како и поголем број други, новооткриени и типизирани групи. Вирусите на хепатит имаат различна епидемиологија и различни начини на пренесување.
Најчесто регистрираната заразна жолтица не само во Македонија туку и во најголем број од земјите во светот, особено помалку развиените и неразвиените земји од третиот свет е заразната жолтица тип А, која се пренесува по фекално-орален пат и кај народот е позната како „болест на нечисти раце“. Од оваа болест најчесто заболуваат децата на предучилишна и училишна возраст.
Вирусната жолтица од тип Б се пренесува преку крв и крвни деривати, преку сексуален однос и од мајка на дете, како и вирусната жолтица Ц, која најчесто се пренесува преку крвта (интравенски корисници на дрога, лица на хемодијализа).
28-ми јули како ден е избран во чест на проф. Барух Блумберг кој ја доби Нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот.
Приближно 520 милиони луѓе во светот се заразени со ХЦВ или ХБВ. Оваа бројка е за околу 13 пати повеќе од бројот на заразени со ХИВ/СИДА. ХЦВ или ХБВ убиваат 1 милион луѓе годишно,
Помалку од 1/3 (32%) од владите во светот немаат спроведено или финансирано активности за да се намали стигматизацијата или дискриминацијата на лицата кои живеат со ХЦВ или ХБВ,
Едно од три лица на планетата е изложено на некој од двата вируси без да знае.