САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Од:

Новите царини на Доналд Трамп важат за речиси секоја земја во светот. Но, не и на Русија. Русија го гледа тоа како „важен сигнал“ за подобрување на односите со САД, пишува Би-Би-Си.

Сепак, директорот на Националниот економски совет Кевин Хасет изјави за ABC News дека „не е соодветно“ да се воведат нови царини за Русија додека траат преговорите за војната во Украина.

Тој, исто така, навести дека Белата куќа не ја отфрли можноста за воведување царини за Русија во одреден момент.

„Мислам дека претседателот одлучи да не ги меша двете прашања“, рече Хасет и додаде „Ова не значи дека Русија, со текот на времето, ќе биде третирана значително поинаку од другите земји.

Би можело да ве интересира

Индија не престана да увезува нафта од Русија: „Го правиме тоа легално“

Реакција од Русија по објавата на Трамп: Имаме многу повеќе подморници во светските води

Предраг Петровиќ

Реакција на Швајцарија после воведените царини од САД: Ова е полошо од најлошото сценарио

Путин: Часов Јар беше заземен пред неколку дена

Горан Наумовски

Трамп: Авторите на гласините за мојот „договор“ со Русија треба да бидат казнети

Горан Наумовски

Лавров: Има напредок во преговорите со САД и Украина