Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Од:

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, од 7 до 9 април ќе биде во прва посета на Западен Балкан, во која ќе бидат Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

Во Црна Гора, Калас ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ, соопштија од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Најавена е и средба со претставници на граѓански организации и учество во проверка на опремата финансирана од Европскиот мировен инструмент заедно со министерот за одбрана на Црна Гора Драган Краповиќ.

Калас во Албанија ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рам, со кои ќе има и заедничка прес-конференција.

Високата претставничка Калас ќе се сретне и со министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани и министерот за одбрана Пир Венгу, со кои официјално ќе го отвори првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија.

Калас ќе присуствува и на потпишувањето на договорот за грантови и заеми од Европската инвестициска банка за развој на пругата Драч-Рогожина.

Калас ќе им се обрати и на студентите и на претставниците на граѓанското општество во Албанија.

Во Босна и Херцеговина, Калас ќе ги посети членовите на ЕУФОР Алтеа и ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Дури и „цврстата љубов“ на САД кон Европа е подобра од никаква

Калас: Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина

А1он

Муцунски: ЕУ да покаже решителност и одважност и да донесе храбри одлуки во насока на својата политика за проширување

Калас: Европската интеграција на Македонија останува приоритет

(ВИДЕО) Калас: Македонија најдобро знае дека патот до членството во ЕУ не е лесен, но останете на него

Каја Калас во Скопје

Катерина Ѓуровски