Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Од:

Иран денеска го отфрли директниот дијалог со Соединетите држави, велејќи дека „нема да има смисла“, откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи разговори без посредник и се закани дека ќе ја бомбардира земјата доколку не успеат дипломатските напори.

Западните земји, на чело со Соединетите Американски Држави, со децении се сомневаат дека Техеран има намера да се здобие со нуклеарно оружје. Иран ги отфрла овие обвинувања и тврди дека неговите нуклеарни активности се само за цивилни цели, главно за енергија.

Доналд Трамп минатиот месец испрати писмо до иранските лидери во кое повика на разговори за нуклеарната програма. Американскиот претседател, исто така, се закани дека ќе го бомбардира Иран доколку не успее дипломатијата и веќе презеде дополнителни санкции против иранскиот нафтен сектор.

– Директните преговори со страната која постојано се заканува со употреба на сила и чиишто различни функционери изразуваат контрадикторни ставови нема да имаат смисла, рече шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи.

„Но, ние остануваме посветени на дипломатијата и подготвени сме да се обидеме преку индиректни преговори“, додаде Аракчи.

Иран и САД, блиски сојузници за време на монархијата Пахлави, немаат дипломатски односи од 1980 година, откако американски дипломати беа земени како заложници во американската амбасада во Техеран по исламската револуција.

Сепак, овие две земји индиректно комуницираат преку швајцарската амбасада во Техеран. Оман, исто така, играше посредничка улога во минатото, како и Катар, во помала мера.

Последното писмо на Доналд Трамп беше доставено до Иран преку Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините

Стармер: Светот каков што го знаевме повеќе не постои

Горан Наумовски