Зеленски: Само со координирана акција со партнерите на Украина може да се запрат убиствата

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска упати сочувство до сите семејства кои ги загубија своите најблиски во рускиот ракетен напад врз Кривји Рих и посочи дека само со координирана акција со партнерите, Украина може да ги запре убиствата, да ги спаси животите на децата и да воспостави траен мир.

„Трагично денеска во болница почина тригодишниот Тимофиј. Седумгодишниот Радислав. Арина, која засекогаш ќе има седум години. Деветгодишниот Херман. Петнаесетгодишниот Данило. Петнаесетгодишниот Никита. Петнаесетгодишната Алина. Ова се деца кои загинаа од балистичка ракета која падна на Криви Рих“, напиша Зеленски на платформата Х.

Како што наведе, поминале само неколку минути откако ракетата била лансирана од непријателскиот регион Таганрог.

„За жал, загинаа и девет возрасни лица. Моето сочувство до сите семејства и нивните најблиски“, рече тој.

Според Зеленски, ракетата погодила улица со станбени згради, игралиште, продавници и ресторан.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Украина нема да и отстапи територија на Русија

Сибиха: Еден ден војна ја чини Украина 450 милиони долари

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Путин го планира својот последен удар

Горан Наумовски

Зеленски ја повика Москва на траен прекин на огнот

ОН: Најмалку 70 цивили убиени, повеќе од 500 повредени во Украина од почетокот на мај

Неколку згради се оштетени во руски напад на Киев