Зеленски: Офанзивата беше успешна иако повеќето од нашите војници се повлекоа

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „офанзивата на украинските вооружени сили врз областа Курск била успешна и покрај фактот што повеќето од украинските војници се повлекле“.

Русија започна инвазија на Украина пред повеќе од три години, но властите во Киев решија да возвратат и во август минатата година, на општо изненадување на руската страна и нејзините сојузници, ја нападнаа областа Курск.

Украинските војници освоија повеќе од 1.000 квадратни километри и десетици села и градови во областа Курск пред руските трупи да ги запрат.

По повеќе од шест месеци жестоки борби во Курск, во кои Русите добија помош и од војници од Северна Кореја, руските сили успеаја да ја вратат изгубената територија дури минатиот месец, откако Украинците повлекоа поголем дел од своите војници.

Само неколку квадратни километри од Курск се уште се под контрола на Украина. Во Киев тврдат дека од август минатата година до денес во областа Курск загинале 15.000 руски војници.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон