„Зошто учествувате во оваа влада и чии интереси браните“, го праша Орхан Ибраими од ДПА, министерот Невзат Бејта од редовите на ДУИ.
„Оваа влада ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ, прошверцува два закона кои ги гарантираа правата на албанците, за јазикот и за знамињата. Ја ограничивте употребата на албанскиот јазик. Си играте со гордоста на албанскиот народ, го намаливте знамето во однос на државното. Ахмети ги одобрува животинските извици на македонските навивачи, платени од владата. Скопје 2014, кој е антиалбански е ваша идеа и проект“, рече Ибраими.
ДУИ и Ахмети ги обвини и за малтретирањето на албанци за убиството кај Смиљковци, за незавршениот попис, кој рече не е завршен за да не излезе вистината колку Албанци има, за егзодусот на албанците.
„Ваше право е како ќе дискутирате, но не е добро да ја злоупотребувате демократијата, изрековте низа дезинформации за лидерот на ДУИ. Албанците постигнаа многу и верувам дека ќе бидат рамноправни. Остануваме во власта зошто работиме за интерес на албанците и на сите граѓани“, одговори Бејта.
Ибраими му посочи дека на изборите лошо ќе поминат, а народот, рече, за нив резервирал камењ.
Го праша и премиерот каде се Муса Џафери, Теута Арифи.
Груевски одговори дека нема информации, најверојатно имале обврски.
Ибраими рече дека е тешко навреден, бидејќи премиерот си игра со Албанците.