Селекторите на фудбалските репрезентации на Полска и на Хрватска добија откази по завршувањето на групната фаза од квалификациите за Светското првенство во Бразил идната година.
Полскиот селектор Валдемар Форналик во 18 натпревари оствари осум победи, четири нерешени и шест порази, а со него како предводник репрезентацијата заврши на 4. место во Х-групата во конкуренција на Англија, Украина, Црна Гора, Молдавија и Сан Марино, што беше оценето како неуспех од тамошната федерација.
За сега не е познато кој ќе го наследи Форналик на селекторското место.
Денеска селекторската функција ја загуби и Игор Штимац иако обезбеди бараж за хрватската репрезентација која играше во А-групата од Мундијалските квалификации заедно со Македонија, Србија, Белгија, Шкотска и Велс.
Во обидот „коцкестите“ да обезбедат учество на СП, ќе бидат предводени од в.д. селекторот Нико Коваќ.