Агенцијата за млади и спорт (АМС) упати повик до сите субјекти кои управуваат со спортските објекти да ги одржуваат според прописите и да овозможат безбедни активности на сите корисници.
– Сите субјекти кои управуваат, ги одржуваат и стопанисуваат со објектите за спорт, со секоја уредена површина и објекти кои се во функција на вршење на спортските активности, имаат обврска истите да бидат функционални и безбедни, стои во соопштението од АМС.
Од АМС им укажуваат на овие субјекти дека според Законот за спорт, сите спортски објекти без оглед дали се во сопственост на Република Македонија, на единиците на локалната самоуправа, или пак, се во приватна сопственост, мора да бидат предмет на постојана грижа и опсервација се со цел учениците, студентите, спортистите и граѓаните безбедно да се рекреираат и спортуваат.
Во таа насока АМС за наредниот период најави заеднички активности со сопствениците на објектите, со кои ќе се проверува функционалноста, опременоста и безбедноста на спортските терени во Република Македонија.