Според неофицијални информации околу 14 лица загинале, додека 50 се водат како исчезнати, поради силниот тајфун кој денес ги зафати централното и североисточното подрачје на Јапонија, донесувајќи обилен дожд, силен ветер како и одрони на земјата.
Само на островот Изу Ошима загинале 13 лица, додека една жена настрадала во водите во подрачје на Токио, а тајфунот сега го зафатил источното крајбрежје на државата, пренесуваат јапонските агенции.
Поради силното невреме во Токио затворени се десетина училишта, а парализиран е и сообраќајот.
Голем број луѓе во регионот Канто се водат како исчезнати, а на Изу Ошими на околу 120 километри јужно од Токио потполно се уништени околу 30 куќи.
Метеоролошката служба го предупреди населението на внимателност поради силните ветрови, високи бранови и вода.
Тајфунот се движи со брзина од 180 километри на час, а дури во попладневните часови се очекува намалување на брзината.
Елена Георгиевска