Репрезентацијата на Уругвај ноќеска оствари минимална победа од 3:2 над Аргентина, но тоа не беше доволно за да избори директен пласман на Светското фудбалско првенство во Бразил, па така Чиле и Еквадор кои се пласираа на третото и на четвртото место на табелата се директни учесници заедно со Аргентина и со Колумбија.
Еквадор е подобропласиран од Уругвај поради подобрата гол разлика.
За Уругвај останува бараж дуелот со Јордан, како последна шанса за пласман на Мундијалот во Бразил 2014.
На ноќеска одиграните дуели во КОНМЕБОЛ (Јужномериканска зона) беа постигнати следниве резултати:
Уругвај – Аргентина 3:2,
Чиле – Еквадор 2:1,
Паргвај – Колумбија 1:2 и
Перу – Боливија 1:1.
Конечна табела: Аргентина 32 бода, Колумбија 30, Чиле 28, Еквадор 25 (+4), Уругвај 25 (0), Венцуела 20, Перу 15, Боливија 12, Парагвај 12.