Честитка од Заев по повод Курбан Бајрам

Од:

По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите верници од исламска вероисповед упати честитка.

– Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете во духот на среќа, хармонија и споделување љубов со ближните, како и почитување и разбирање на заедничките вредности за хуманизам, помагање и солидарност. Нека празникот Ви донесе добро здравје, радост, општа благосостојба и мирен духовен живот, се вели во честитката.

Со почитување на верската различност и негување на меѓусебната толеранција, како што се наведува, да останеме и понатаму цврсто обединети во заедничкиот стремеж за градењето соживот и разбирање меѓу различните вери и етникуми во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска