Гостиварец криел калашников во шупа

Од:

По претрес на домот на жител на селото Долна Бањица, Гостиварско, полицијата вчера открила автоматска пушка и куршуми за кои немал дозвола.

Според СВР Тетово, откако биле спроведени оперативни активности и со судска наредба, полициски службеници ја пребарале куќата на Ш. А.Г (40). Во една од помошните простории нашле сокриена автоматска пушка кал. 7,62 и рамка за муниција со 14 куршуми.

Гостиварецот бил приведен и задржан во полициска станица и ќе биде изведен пред истражен судија. Најдените предмети се одземени, а гостиварецот ќе се соочи со соодветна пријава за недозволено поседување огнено оружје.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот