Калчолигашите Лацио и Јувентус се сериозно заинтересирани за ангажирање на напаѓачот на Астон Вила, Кристијан Бентеке.
Италијанските медиуми пишуваат дека Лацио во 22-годишниот белгиски репрезентативец гледа замена за Мирослав Клосе кој на лето сигурно го напушта Рим. За Лацио во моментов Бентеке е примарна цел за засилување на напаѓачката линија и тие ќе се обидат да го ангажираат уште во зимскиот преоден рок.
Конкурент на Лацио во потписот за Белгиецот му е италијанскиот шампион Јувентус кој годинава во нападот не игра според очекувањата.
Бентеке пред Астон Вила има настапувано за Генк, Мехелен Кортријк и Стандард Лиеж.