Вељаноски упати честитка по повод Курбан Бајрам

Од:

Со особено задоволство, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод исламскиот празник Курбан Бајрам.

Курбан Бајрам е празник кој ја симболизира хуманоста и солидарноста, кој потсетува дека љубовта и помагањето треба да се споделуваат, дека разликите треба да не спојуваат, да се почитуваме меѓу себе и да градиме заедничка иднина во просперитетна држава.

Република Македонија треба да биде пример каде мултиетничките и мултирелигиските вредности ќе функционираат во хармонија и ќе создаваат вистински темели на кои ќе се гради преспективата за сегашните и идните поколенија.

Ви посакувам пријатни празнични денови, со радост и бериќет во кругот на Вашите семејства и пријатели.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска