Во експлозија на бомба во етиопската претстолнина, Адис Абеба, вчера загинале две лица.
И покрај тоа што се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, етиопските власти сооопштија дека во текот на изминатите две години, оневозможиле повеќе планови за напади, на бунтовничките групи од југ и југоисток на државата, како и на припадници на смалиската организација Ал Шабаб.
–Експлозијата се случи во стамбена куќа во квартот Боле, а загинаа две неидентификувани лица, наведува државното радио, цитирајќи извори од Националната безбедност и безбедносните служби.
Местото на нападот е на околу пет километри одалеченост од фудбалски стадион, каде што имало илјадници гледачи кои што се собрале да го проследат натпреварот против Нигерија, во рамките на квалификациите за Светското првенство, пренесе „Ројтерс“.
Елена Георгиевска