Фудбалската репрезентација на Колумбија по синоќешното реми 3:3 со Чиле на домашен терен во Богота, успеа со освоениот бод да обезбеди пласман на Светското првенство во Бразил.
Чиле водеше со 3:0 на полувремето, но во вториот дел Колумбија со играч повеќе успеа да стигне до изедначување.
Чекор поблиску до пласман на СП е Еквадор откако во директниот дуел го победи Уругвај со 1:0. На другите два натпревара од јужноамериканските квалификаци: Венецуела – Парагвај 1:1 и Аргентина – Перу 3:1.
По исходот на синоќешните дуели, Уругвај е најблиску до 5. место кое значи одигрување бараж со претставникот од азиските квалификации репрезентацијата на Јордан.
Табела: Аргентина 32 бода, Колумбија 27, Еквадор 25, Чиле 25, Уругвај 22, Венецуела 20, Перу 14, Парагвај 12, Боливија 11.