Македонците бараат конзулат во Корча

Од:

Претставнците на Македониците во Албанија, на завчерашната средба во Поградец, меѓу другото од претседателот Ѓорге Иванов побарале отворање конзулат на Република Македонија во градот Корча.

– Конзулатот во Корча бараме да биде со конзул  и неопходната  администрација кој ќе има ингеренции исто како амбасадата. Кога нашата матична земја би отворила ваков конзулат во Корча, не мора да се патува до Тирана за некоја информација или услуга од амбасадата, тоа ќе може да го направи конзулатот во Корча, вели Васил Стерјовски генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција.

Според него, од посебно значење е во Корча да има македонски конзулат зашто е административен град на Префектурата Корча која опфака население од околу 220.000 жители и четири поголеми градови Корча, Поградец, Билишта и Ерсека.

– Под Корча спаѓа и Мала Преспа и селото Врник во Деволската област и повеќе други села населени со Македонци на граница со Македонија. Овој конзулат ќе одржува поблиски контактите со македонското население во овој регион кое е под удар на грчката и бугарската пропаганда, додава Стерјовски.

Во Корча, тврди тој,  има грчки конзулат иако нема Грци и овој конзулат работи на асимилација на Власите, Албанците, Ромите, Египќаните па и Македонците во овој регион.

Кон крајот на јули годинава во центарот на најголемиот албански пристанишен град, Драч, беше отворен  почесен конзулат на Република Македонија, а почесен конзул е Александар Пило.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски