Данило Тирк генерален секретар на ОН?

Од:

Поранешниот словенечки претседател Данило Тирк се спомнува во меѓународните кругови како еден од дипломатите кој би можел да биде кандидат за местото генерален секретар на ОН, кога во 2016 завршува мандатот на актуелниот Бан Ки-мун, пишува љубљанскиот весник „Дело“.

Според словенечкиот амбасадор во ОН Андреј Логар, Тирк се спомнува за еден од кандидатите за оваа функција. Тирк вели дека сè зависи од околностите, бидејќи изборите се дури во 2016 година, а засега првенствено го поддржува Бан Ки-мун во неговата работа.

„Дело“ наведува дека акцијата за лобирање за кандидатите за генерален секретар на ОН обично почнува три години пред самото гласање во 15-члениот Совет за безбедност и дека Тирк не би бил без изгледи доколку одлучи да се кандидира. Неговите изгледи се зголемуваат со оглед на фактот дека следниот секретар на ОН веројатно ќе биде избран од Источна Европа, а и поради непишаното правило дека кандидат не може да биде државјанин на една од петте постојани членки на Советот за безбедност.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство