Град Скопје го одбележа празникот 11 Октомври

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и официјална делегеција на Советот на Град Скопје, денеска по повод 11 Октомври – почетокот на антифашистичкото востание и НОВ, положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци на Градските гробишта во Бутел, на гробот на Михајло Апостолски во Бутел, на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, пред споменикот на Методија Антонов-Ченто на Плоштадот Македонија во Скопје и на споменикот на „Паднатите херои“ во паркот Жена-Борец.

11 Oktomvri - Kiro Gligorov

На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Oktomvri - Metodija Andonov Cento

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода.

11 Oktomvri - Spomenik na padnatite heroi

Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

 

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска