Вељаноски го честита Денот на народното востание

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски упати честитка по повод Денот на народното востание – 11 Октомври до сите граѓани на Република Македонија.

– На сите граѓани на Република Македонија од мое лично име и од името на пратениците во Собранието им го честитам овој голем празник. На овој датум македонскиот народ реши да се избори за сопствената слобода и свесен за храбриот подвиг, пожртвувано и решително тргна во борба за да се ослободи од окупацијата и окупаторите. Во тие денови Македонија и македонскиот народ со другите држави од Европа и светот се вклучија во борба со идејата повторно да победи слободата, човековото достоинство и сувереноста на државите, стои во честитката.

Затоа денес, како што е наведено, Република Македонија може гордо и слободно да каже дека беше на страната на слободата и дека вредностите како што се рамноправност и почит ги дели заедно со земјите од Европа и светот кои се бореа за истата цел.

– Во востанието загинаа многу херои, но не загина нивното дело, тоа дело денес е реалност и затоа ние и нашите деца живееме во слободна и суверена Република Македонија. Да ја имаме на ум оваа жртва, од овие херои и таа да ни дава мотив за да продолжиме да работиме за просперитетна држава, која ќе биде дом и на следните поколенија без разлика на вера, јазик и култура, стои во честитката на Вељаноски.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска